Селото Попај, познато и под името „Sweethaven Village“, од деновите во 1980-та, кога претставуваше филмски сет за музичката продукција „Попај“, па се до денес, прерасна во една од главните туристички атракции во Малта.
Благодарение на шаренилото и безбројните забавни активности кои ги нуди ова мало место, невозможно е а да не ве освои уште на прв поглед со својата идила. Имено, селото изобилува со 19 рустични дрвени колиби лоцирани на заливот Анкор во северо-западниот дел на медитеранскиот остров.
Некогашниот филмски сет денес е претворен во туристичка атракција и музеј на отворено.