„Морске оргуље“ е локација на брегот на Задар во Хрватска, и е единствениот инструмент во светот на кој морето „свири“.
„Морске оргуље“ е локација на брегот на Задар во Хрватска, и е единствениот инструмент во светот на кој морето „свири“.
Во белиот камен постојат 35 отвори кои се едноставно и елегантно изработени во должина од 75 метри. Движењето на морето внесува воздух, каде во зависност од големината и брзината на бранот се јавува музичка нота, што доведува до создавање на случајни хармонични звуци.
Ова ремек дело на акустиката и архитектурата е креирано од далмациските експерти и каменорезци во соработка со архитектот Никола Басиќ во 2005 година. Басиќ има добиено и Европска награда за уредување на урбан простор со овој проект.
Многу туристи доѓаат да го чујат овој уникатен аерофон и да уживаат во незаборавните зајдицонца со поглед на островите во близина. Дури и режисерот Алфред Хичкок има кажано дека најубавото зајдисонце на светот може да се види токму од ова место во заливот на Задар.
Скриената структура на Морските Оргули
{youtube}1tKEWk_1SqM{/youtube}