Овој необичен стан се наоѓа во центарот на Тел Авив и чини 1.9 милиони долари.
Велам необичен, затоа што ѕидовите и подот се идентични, направени од ист материјал и во поголемиот дел од собите нема ивици. Од истиот материјал се направени и неколку парчиња мебел поради што се добива впечаток како станот да е обвиткан со дрво. Исто така, интересно е тоа што нема врати, туку само паравани што создаваат чувство на приватност во собите.