Ова е првиот трејлер за новата видео игра “Dishonored”, дело развиено од Arkane Studios и објавено од Bethesda Softworks. Играта е најавена за PS3, Xbox360 и за Windows компјутери. Судејќи по трејлерот оваа видео игра сместена во стимпанк свет е интересна комбинација на “Thief”, “Bioshock” и “Deus Ex”.
Во “Dishonored” вие сте поранешен телохранител на популарната императорка. Обвинет за нејзиното убиство вие станувате професионален убиец кој е познат само по морничавата маска која станува ваш симбол. Во несигурно време, кога градот е погоден од чума и управуван од тоталитарна власт опремена со чудна технологија, мрачни сили ти даваат способности недостапни за обичните луѓе.
{youtube}E1HlYTukh9A{/youtube}
Ослободете се од вашите противници на креативен начин со флексибилниот борбен систем кој ви дозволува да ги комбинирате големиот број натприродни способности, оружја и необични направи кои ви се на располагање. Демнете ги вашите непријатели во ноќта или напаѓајте ги безмилосно со целата ваша моќ. Резултатот на секоја мисија е различен и целосно зависи од вашите дејства и избори.