Музичарот Џулиан Кори креиараше песна користејќи звуци од хардвер и стари конзоли, наместо музички инструменти. За подобар квалитет на звукот, флопи дисковите, Commodore 64, SEGA Mega Drive-от и останатите „музичари“ во оркестарот на Џулиан, се распоредени во празен покриен базен, каде што е и снимено видеото. Кори е целосен автор на песната, чиј наслов е „ Polybius“ , а видеото е снимено од Џејмс Хјустон.
Погледнете го за да се уверите – крајниот производ воопшто не е лош.