Џони Карсон, американски телевизиски водител, во декември 1973-тата година успеал да предизвика речиси едномесечен недостаток на тоалетна хартија. Во своето телевизиско шоу рекол: „Знаете што снемува од полиците во маркетите? Тоалетна хартија… Имаме сериозен проблем со недостаток на тоалетна хартија во Америка.“ Секако, Американците веднаш се активирале и ја купиле секоја ролна што можеле да ја најдат. Супермаркетите залудно се обидувале да ги распределат и сочуваат залихите, а веќе следниот ден, немало ниту еден пакет по полиците.
По неколку дена на недостаток, Карсон настапил на телевизија и јавно се извинил, обидувајќи се да објасни дека сето тоа било само шега. Попусто, полиците биле празни веќе 5 дена, а луѓето продолжиле да го купуваат секое ново парче што пристигнувало, со цел да го складираат за „црни денови“. Недостатокот на тоалетна хартија траел цели 3 недели.