Со овие практични совети можете да се претворите во вистински декоратор. Се што треба да направите е да си поиграте со деталите, и ќе бидете изненадени од ефектот.
Модерно
Внатрешноста на ормарите и фиоките обоете ја во интензивна и впечатлива боја. Ќе добиете потполно нов и освежен изглед, и ќе делува како да е некоја нова просторија.
Точкасто
Црната боја одлично се вклопува со природната боја на дрвото. Искористете ги интересните точкасти материјали и декорирајте ги деталите. Старата работна соба ќе добие нов, шик изглед.
Практично
Доколку во план ви е да додадете скалила во вашиот дом, задолжително искористете го просторот под нив. Тој е едноставна и совршена прилика за да направите се да изгледа компактно и складно. Направете распределба и почнете да ги распоредувате книгите и декоративните предмети на полиците.
Екстравагантно
На темната позадина одлично доаѓаат до израз елементите во силни бои. Еве еден пример како тоа изгледа, а доколку не сте љубител на розевата боја, можете да го направите истото и со некоја по ваш вкус.