Дизајнирањето на брод, приколка или мобилен дом, може да биде прекрасен тест за дизајнерите да покажат како може да се живее со помалку простор и како да се извлече максимум од секој кубен сантиметар. Тие, исто така треба да одговорат на многу ограничувања во тежината, обликот и димензијата. Притоа, дизајнерите често знаат да ги предизвикаат нашите претпоставки дека треба да живееме на фиксна локација, кога наместо тоа би можеле да живееме во помали мобилни домови и би биле послободни.
Една мала група пријатели од Јапонија, го редизајнирала нивното старо камионче во уникатен, современ и целосно опремен мобилен дом на два спрата. И не само тоа, во процесот е вклучен хидрауличен систем што го конвертира назад во обично камионче, по потреба.
По комплетирањето на проектот, го понеле нивниот изум во акција и ја пропатувале речиси цела Јапонија, застанувајќи во попатните кампови и паркинзи, за да го презентираат својот изум, со цел да им покажат на луѓето дека секогаш постои алтернатива. За таа намена и го документирале целиот процес на изработка.
Внатре, на првиот кат, кујната, дневната и бањата изгледаат по малку натрупани, се со цел заштеда на простор и зголемена функционалност. Но, на вториот кат е сосема друга приказна – не многу различно од традиционалната јапонска куќа: функционален простор по стандардите на Фенг Шуи, едноставни декоративни финеси, топли материјали и меко природно светло.
Кујната изгледа функционално.
Бањата е мала, но не е ништо полоша од било кој бродски тоалет.
А скалите се воедно и полица.
Најважното, е сепак, дека креаторите на оваа извонредна мобилна куќа уживаат во плодовите на својот труд, патувајќи низ земјата и славејќи го секое искуство што го стекнуваат.