Најлудите кондоми на светот

Нашиот свет претставува огромна мистерија. Секој ден учиме и дознаваме нешто ново за него, а за ништо не можеме да тврдиме дека е сигурно. Освен, дека е луд. А таков е и светот на кондомите. Ѕирнете и сами:

 

Condometric

a96862_a533_7-condometrix

Конечно, нема повеќе изговори и недоразбирања. Condometric е првиот кондом што ќе ви овозможи правилно да си ги мерите со другарите и пријателите и да изберете легитимен победник. За посложно другарство, изберете Condometric!
Шегата на страна, идејата зад овој кондом е дека секој може „да се справи“ со избраничката, без разлика на големината што ја поседува.

 

Смокинг „хот“ кондом
a96862_a533_2-tuxedo

Ако присуствуте на формални настани, зошто да не биде и вашиот кондом, исто така, формален? Едноставно, има моменти кога сакате да изгледате најдобро, а нема никаква причина да не изгледате „фенси“, дури и кога облеката ви е расфрлана по подот.

 

„Обама“ кондом
a96862_a533_1-obama

Политичките кондоми во САД станаа актуелни за време на претседателските избори во јануари 2009-та, кога противкандидат на Обама беше Џон МекКејн. Настрана финансиската криза, кондомите со ликот на Обама се најпродаваниот продукт во САД во моментов. Цената е 9.95 долари за пар кондоми, што е малку скапо, но хеј, на опаковката го има ОБАМА, кој патем ти препорачува „Користи ги со добро расудување“. За следбениците на опозициската политичка опција, адекватно, постојат и такви со ликот на МекКејн.

 

„Black Power“ кондом

a96862_a533_12-black-condom

Каде, ако не во Јапонија? Само тие знаат што мислеле кога ја дизајнирале опаковката на овие кондоми. Макар што е очигледно (црниот пантер и слоганот „Black Power“) дека се повикува црното население да остане блиско до своите корени и да се избори за подобри права. На крајот на краиштата – „Сите сме црни луѓе“.

 

„Биг Бен“

c15169

Партнерката под рака и тркнете до Лондон, за да уживате во убавините на „Биг Бен“.

 

Кондоми со вкус на виски
a96862_a533_3-whiskey

Внимание, прекумерна орална употреба не е препорачлива. Постои можност партнерката да ви падне во несвест.

 

Кондом против силување – Rapex
a96862_a533_6-rapex

Женски кондом што ќе го зароби несаканиот натрапник. Измислен е во Јужна Африка – рекордер во светот по бројот на силувања. „Нема назад“ најдобро ја опишува функцијата на кондомот. Единствено може да се отстрани со хируршка интервенција, што значи дека силувачот ќе биде фатен. Има само еден проблем, како ќе се сложуваат силувачот и жртвата додека заедно ги чекаат полицијата и амбулантното возило.

 

„Дино“ – кондом

a96862_a533_10-dinosaur

Ако се премислите во последен момент, овој кондом може да ве спаси од понатамошни објаснувања. Партнерката ќе избега во првиот момент штом ќе го здогледа. И сето тоа за само 2.5 фунти!

 

Кондоми со вашиот лик
a96862_a533_5-customize

Уште еден ефективен метод да ја избркате партнерката во момент на двоумење, е да си порачате кондоми со вашиот лик. Исто така, можете и да бидете креативни, па преку кондомот да пренесете некоја мудра мисла или лична порака. Има само еден минус, принтот е само на опаковката, не и на самиот кондом. Штета!

 

Прскај – носи!

a96862_a533_9-spray-on

Германска фирма измисли спреј-кондом, направен за сите форми и големини. Доаѓа во форма на аеросол, се прска на органот во прашање и за само неколку секунди, течноста се стврднува во познатиот латекс. За сега е во процес на тестирање, но се очекува наскоро да стигне и до вашата локална продавница.

 

Флуоросцентен кондом

a96862_a533_11-florescent

Дури и во темница, нема веќе да промашувате. Love Light ќе ви го осветли патот. Чини само 14.95 евра, со кои, ако размислите подобро, можете да си купите фенер и слични солидни решенија за осветлување.

 

Лежи, или ќе пукам!
a96862_a533_4-gun-condom

Звучи кул, нели? Кај некои девојки, може и да успее!

 

Wacky Rubber
a96862_a533_8-wacky-rubber

Ако некогаш сте се запрашале што носат кловновите на нивниот пенис кога имаат секс – тадааа – Wacky Rubbers! Нема ништо што изгледа побезбедно од користење на кондом со нацртани пријателски лица на него. И плус, светат како сијалички! И плус, ја задржуваат формата! Вашата кловн-пријателка ќе биде среќна да си ја избере омилената.

- Реклама -