Кои се најстрашните зборови при разделба?

 

Најстрашниот начин да се разделите со  партнерот е да го направите тоа по телефон или со порака, но дури очи во очи разделбта може да биде болна, ако кажете дека … ви треба повеќе простор.

Ова е најстрашното оправдување што верувајте дека буквално никој не сака да го слушне. Дури и без да сакате можете да го  навредите партнерот, ако  споменете дека „вие не го заслужувате“,  или дека тој/таа  е  „премногу добар за вас”. Логично дека тоа се клишеа, кои служат повеќе за извлекување од ситуацијата и речиси никогаш не одговараат на вистината.

„Запознав друг/а” звучи болно, но ако е вистина, подобро бидете искрени со партнерот.

Зборовите  „мислам дека треба да бидеме само пријатели” се исто толку навредливи како и „прочитав во хороскоп  дека ме очекува нова љубов”.

Сепак,  првото место со целосна едногласност се зборовите  „не е поради тебе, поради  мене е”… Озбилно?

Не заборавајте дека вистината колку и да боли е секогаш најдобриот начин да се соопштат лошите вести. Не може да се заврши врската без некој да биде повреден, но верувајте дека откако ќе престанат каењето, омразата, тагата, и ќе се вклучи рамнодушноста, ако сте искрени повторно ќе ја заслужите почитта, а богами и совеста ќе ви се смири.

- Реклама -