Силна магнетна бура, предизвикана од излив на плазма од Сонцето се очекува да се случи на Земјата денеска (22.08).
Научниците-астрофизици предупредуваат за можни пречки на комуникациите, а лекарите за можно влошување на здравствената состојба.
Изливот на плазма бил регистриран на 20 август од вселенската опсерваторија Сохо, со тоа што подоцна научниците ја измериле брзината на честичките и прогнозирале можна магнетна бура на Земјата.