Коњите што нуркаат биле популарна атракција во средината 1880-те
години, кога коњ би скокнал во базен со вода, понекогаш и од 18 метри
височина. Не се работи за шега, 1-ви април помина!
Коњите што нуркаат биле популарна атракција во средината 1880-те години, кога коњ би скокнал во базен со вода, понекогаш и од 18 метри височина.
Еден од основачите на овие егзибиции е Вилиам Карвер, кој наводно во 1881 при минувањето на мост кој се одронил, паднал со својот коњ во водата, што го инспирирало Картер да ја развие оваа точка. Тој тренирал разновидни животни и потоа тргнал на турнеја низ Америка. Неговиот син направил рампа и кула од каде ќерка Лорена е првата скокачка.
На 7-ми февруари 1907 едно нуркање тргнало наопаку во Сан Антонио, при што во падот загинал 18-годишниот јавач. По ова, егзибициите доживеале големи критики за злоупотреба на правата на животните, што довело со опаѓање на популарноста и постепено исчезнување на ова шоу.