SkyTran: Футуристички транспорт доаѓа наскоро од НАСА (Видео)

Опишан од страна на неговите програмери како револуционерен, овој нов  иновативен  систем на персонален брз транспорт, е дизајниран од страна на НАСА и на приватната компанија Skytran. Новата иновација ќe лета во градот  Тел Авив (Израел), со што истиот ќе стане првиот град во светот кој го прифаќа  овој нов систем на масовен транспорт.

Капсулите се дизајнирани следејќи го концептот на магнетна левитација, слично како на „маг.лев“ возовите  во операција во источна Азија. SkyTran ќе обезбеди позелена, помалку скапа, побрза ( 241 км / ч), и поудобна алтернатива за автомобили и автобуски линии. Повикувањето на средството за превоз   ќе се врши преку веб-сајт или м0билна апликација. По влегувањето, откако веќе ќе ја внесете  посакуваната локација, леталото ќе ве однесе  директно таму .

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

t2 t4

- Реклама -