Двата нови супер смартфони на Apple се очекува официјално да бидат промовирани на 10-ти септември. Тоа се iPhone 5S кој ќе биде седмата генерација на смартфонот на Apple, додека пак iPhone 5C ќе биде негова поевтина верзија со пластична маска и голем избор на бои и додатоци.
Досегашната практика на Apple покажа дека многу брзо, веднаш по официјалната промоција производите се наоѓаат во продажните салони ширум светот за да може да одговорат на огромната побарувачкa. Токму со овие два смартфони Apple треба да докаже дека сеуште е вреден на пазарот и може да понуди иновации.
iPhone 5S ќе биде уред кај кој ќе се бројат сите мегапиксели, мегахерци и гигабајти и од него се очекува навистина напредна технологија, подобра батерија, квалитетна градба и можеби поголем екран. iPhone 5C пак ќе биде за стотина долари поевтин и е замислен како одговор на огромниот број на евтини Андроиди на пазарот.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk