Вирус маскиран како фотографија жнее низ Facebook

Корисниците на Facebook се загрозени од нов вирус кој се шири во социјалната мрежа маскиран како фотографија.

Заразата се пресретнува, ако корисникот кликне на линк до малициозна архива во која вирусот е маскиран како датотека со слика “summertime-funny.jpg.exe”. Не е познато каква точно штета нанесува активирањето на вирусот.

Сличен начин за ширење на вируси е често користен во социјалните мрежи, како и во апликации за интернет телефонијата како Skype. Обично малициозниот линк доаѓа од името на пријател, трик кој тера многу корисници да кликнат на него и да си ги заразат компјутерите.

Во многу случаи така се инсталираат малициозни програми кои собираат лични информации за корисниците, вкл. лозинки за пристап до различни услуги и броеви на банкарски сметки.

Препораката до корисниците е: не кликнувајте на повремени линкови и не отворајте датотеки кои одеднаш пристигнуваат и ве охрабруваат за акција, без да бидете сигурни дека навистина се испратени од пријател по конкретен повод.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -