Најбогатите измислени ликови

Новинарите на Forbes постојано прават листи на највлијателните, богати и познати луѓе. Една од повеќето невообичаени листи од овој тип е Forbes Fictional 15 – листа на најбогатите измислени ликови, ликови на стрипови, книги, серии, филмови и игри. Листата е составена за првпат во 2002 година, по втор пат во 2006 година, а оттогаш се ажурира еднаш годишно. Интересно е дека во првите две години на прво место бил Дедо Мраз, со тоа што  неговата материјална  состојба се оценува како бесконечна,  а во графата „Извор на приход” било напишано „играчки”.

Доколку се прашувате  зошто добродушниот  и дарежлив дедо веќе не е на листата, одговорот е , поради протестите на децата! Децата пратиле во редакцијата тажни писма, уверувајќи ги новинарите дека Дедо Мраз воопшто не е измислен – сосема вистински е!

Во листата се вклучени ликови, чие богатство им е познато на сите. Еден од критериумите е современата економска клима. Уредниците пресметуваат колку профитабилен би бил бизнисот на даден херој во денешно време и на тој начин некои измислени личности „скокаат“ од една позиција на друга. Пример Мистер Монополи , кој е симбол на познатата игра, во 2006 година беше на шестото место, а во 2008 година  заврши на последното  поради светската финансиска криза.

1bogati

Рангирањето кое  постои веќе  девет години, ја објави состојбата на  многу херои. Пример Вили Вонка , заработува милиони од слатки, Луциј Малфој поседува богато наследство и сопственост антиквитети, Супер Марио пак, собира купишта богатства во секоја игра.

Прочитајте и:  Во светот расте бројот на луѓе со богатство над 100 милиони долари

Сепак, ликовите се премногу разновидни. Тука ќе ги сретнете Чак Бас, или пак Форест Гамп кој вложил пари во Apple.

2bogati

Оваа година најбогат е  Скруџ Макдек , чие богатство се проценува на 65.4 милијарди долари. Извор на приход – индустрија и собирање богатства. Во 2011 година имотот на прочуениот паток беше за 20 милијарди помалку – очигледно Скруџ со право не им верува на банките и си чува богатството дома.

Змејот Смог ја загуби позицијата, откако минатата година беше на врвот на листата. Сега херојот од книгата „Хобитот” е на второ место со 54 милијарди. Третото место го зазема еден од вампирите од “Twilight” – 373-годишниот Карлајл Кален, кој се збогатил од инвестиции.

3bogati

По тројцата лидери гледаме и други не помалку богати личности. „ Железниот човек”  Тони Старк заработил милијарди од технологии за одбрана. Исти  извор на приход има и суперхеројот Брус Вејн , кој се наоѓа на шестото место. На осмото стои  лик од секси-бестселерот „Педесет нијанси сива” Кристијан Греј . Веднаш по него е Тивин Ланистер од „Песна за оган и мраз” и серијата по мотиви на книгата „Игра на престоли”.

4bogati

 

 

Во листата се вклучени и Чарлс Монтгомери Барнс од „Симпсонови”, Валдо Шмит од комичната серија „Два и пол мажи”, легендарната Лара Крофт и богаташот Ричи. Рангирањето го затвори Џеј Гетсби , толкуван од Леонардо Ди Каприо во последната екранизација на „Големиот  Гетсби”.

5bogati

- Реклама -