Серијалот „Самрак“ бил одбиен 14 пати

Дали знаевте? Серијалот книги „Самрак“ бил одбиен 14 пати, од 14 различни издавачи, пред да биде издаден во 2005-та година. 

Како што изгледа, 14 од 15 издавачки куќи имаат стандарди за квалитетот на делата што ги издаваат, но тоа не се покажа како добра околност за нив во случајот со познатиот серијал на Стефани Мајер. Среќниот 15-ти обид и тоа како се исплатеше и за авторката и за издавачот. Браво за нив?

Дефинитивно да, барем според милионите млади читателки, но и загрижувачкиот број на возрасни жени – фанови на серијалот.

А има и вакви…

До октомври 2010-та, серијалот се продаде во повеќе од 116 милиони копии низ светот, а беше преведен на 38 јазици. Постави рекорд како најпродаваната новела на 2008-та година на листата на најпродавани новели на USA Today и помина 235 недели на листата на бестселери на New York Times.

 

- Реклама -