Samsung претстави нов мобилен телефон, W789 со ретро стил кој е наменет за оние хардкор фанови на телефони на затворање.
Новиот Samsung W789 телефон има 3,3 инчен LCD 320х480 екран на допир, по еден од секоја страна на телефонот. Другите спецификации се 1.2 GHz quad-core процесор, 1500 mAh батерија, 5 мегапиксели камера и простор за микро SD картичка, како и простор за две SIM картички.
Како и што се очекува, телефонот е доста габаритен и тежок во однос на денешните стандарди за паметни телефони, односно 18,6 милиметри дебелина и тежина од 208 грама.
Од компанијата сеуште не кажале кога истиот ќе биде достапен за продажба, а единствено што се знае е дека истиот нема да биде достапен за потрошувачите надвор од Азија.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk