Алкохолни рекорди од Гинисовата книга

pijanippЗнаете ли зошто, всушност, настанала Гинисовата книга на рекорди? За
љубителите на алкохол од Велика Британија да не мораат расправиите да
ги решаваат со старата добра тепачка, се тврди на блогот на
калифорниските винари Calwineries.

 

pijani

 

Знаете ли зошто, всушност, настанала Гинисовата книга на рекорди? За љубителите на алкохол од Велика Британија да не мораат расправиите да ги решаваат со старата добра тепачка, се тврди на блогот на калифорниските винари Calwineries.

Според податоците од овој блог, најпознатата светска книга за рекорди изворно била одговор на потребата за мирољубиво завршување на жестоките расправи, кои биле поттикнати од внесувањето преголеми количества алкохол во организмот.

Но, тоа важело до 1991 година, кога гинисовците, во страв од можни тужби, ги повлекле сите рекорди поврзани со алкохолот. За среќа, тоа непроценливо богатство било зачувано во изданието до 1979 година, па овде се наведени некои од рекордите поврзани со алкохолните пијалаци.

 

Најсилно пиво
Најсилното познато пиво во 1979 година било „ЕКУ Кулминатор Уртѕп Хелл“ од Килмбах во Германија. Тоа содржело 13,2 отсто алкохол. Најсилното денешно пиво содржи 25,4 отсто алкохол и го произведува Харалд Шнајдер од јужна Германија.

Најслабо пиво
И тука доминираат Германците, со пивото „санер колн-калк“, кое содржело само 0,2 отсто алкохол. Сепак, во тоа време безалкохолните пива не биле во мода.

Најбрзо пиење пиво
Американецот Стивен Петросино на 22 јуни 1977 година за 1,3 секунда испил литар пиво. Питер Г. Даудсвел од Ерлс Бартон на 7 февруари 1975 година испил два литра за шест секунди.

Најбрза серија за пиење пиво
Чешките патриоти испиле 1.331 литар пива за помалку од 17 часа. Тоа значи дека тие во просек испивале по 156 пива од половина литар на секој час, или 2,6 кригли на минута. Со овој резултат, Чесите важат за најбрзи сериски пијачи на пиво.

Најголемо документирано количество на алкохол во крвта
Овој рекорд го држи непознат Латвиец, кај кого биле измерени 7,22 промили. Во моментот на мерењето тој бил во несвест, но состојбата му била стабилна. Просечен човек почнува да повраќа кога количеството алкохол во крвта ќе стигне до 1,2 промил, ја губи свеста на 3, а престанува да дише кога количеството алкохол во крвта ќе достигне околу четири промили.

Најдолго непрекинато консумирање алкохол
Постои допис за пијаницата Ванхорн, кој живеел од 1850 до 1911 година, кој во просек пиел по повеќе од четири шишиња „руби порт“ на ден во текот на последните 23 години, пред да почине на 61-годишна возраст. Се верува дека во 1979 година тој испил 35.688 шишиња од алкохолниот пијалак.

Прочитајте и:  „Бела Вода“ на „Tikveš Château & Domaines“ прогласено за најдобро вино од земјава на Open Balkan Wine Trophy Competition во Белград

Нација што пие најмногу пиво
Најмногу пива по човек се консумираат во западна Германија, каде што во просек секој жител во 1976 година испил по 150,6 литри пиво. Во Австралија, во текот на годината се консумираат по 236 литри годишно.

Најмлада личност што починала од труење со алкохол
Овој неславен рекорд го држи четиригодишниот Англичанец Џозеф Свит од Волверхамптон. Тој починал во 1827 година, но нема податоци колку промили алкохол имало во неговата крв.

Најчист произведен алкохол
Во оваа категорија првото место му припаѓа на естонскиот алкохолен пијалак што се произведувал од компир. Кај овој пијалак е измерен 196-отстотен алкохол.

Најстаро вино
Најстаро регистрирано вино бил пијалакот што го чувал и испил капетанот Жак Кусто, а кое потонало кога бил потопен во Медитеранот во 230 година п.н.е. Не се знае точниот датум на производството на виното, но се претпоставува дека тоа е најстарото вино на светот. Исто така, меѓу најстарите алкохолни пијалаци се вбројуваат и садовите со вино што биле спасени од ерупцијата кај Помпеја во 79 година, а кои биле пронајдени со етикета „весувинум“. Тоа е и најстарата позната марка за алкохол.

Најскапото вино
Највисоката цена што некогаш била платена за шише вино од која било големина е 18.000 долари за шише од „Цхатеау Лафите-Ротхсцхилд“, суво црвено „бордо“ од 1864 година, кое било откупено на една аукција во Атланта, Џорџија, на 25 мај 1978 година. Најскапото вино што некогаш било продадено е шише „Цхатеау Лафите“ од 1787 година, кое било продадено во декември 1985 година за 160.000 долари на една аукција на „Кристи“ во Лондон.

Најголемата аукција на вино
Најголемата продажба на вино се случила во Лондон на 25 и 26 март 1976 година, кога 31.000 шишиња вино „бордо“ биле продадени за 1.500.000 долари.

Најголема алкохолна забрана
Најдолготрајната забрана за консумација на алкохолни пијалаци траела 26 години во Исланд, од 1908 до 1934. Во Русија била воведена забрана за консумација на алкохол од 1914 до 1924 година.

Најдолгиот бар
Најдолгиот бар на кој биле поставени и пумпи за вино бил изграден во 1938 година во Викторија, Австралија. Барот бил долг 90,8 метри и имал 27 пумпи.

Најстара и најголема пивница
Најстарата позната пивница е „Веихенстефан“ во Фризинг, во близина на Минхен, западна Германија, која била основана во 1040 година. Како најголема пивница во Гинисовата книга на рекорди е запишана пивницата на Адолф Курс од Голден Колорадо, која во 1978 година произвела 12.800.000 буриња пиво.

 

виа. 

 

- Реклама -