Бебе тешко 25 килограми (видео)

bebe25ppЕдногодишното момче од Бразил што тежи 25 килограми е вистинска загатка
за лекарите, бидејќи не можат да ги откријат причините поради кои тој е
толку дебел. Малечкиот Матеус Араухо бил подложен на испитувања, но се'
уште со точност не може да се утврди причината што ја предизвикала
ваквата состојба.

baby25kgЕдногодишното момче од Бразил што тежи 25 килограми е вистинска загатка за лекарите, бидејќи не можат да ги откријат причините поради кои тој е толку дебел. Малечкиот Матеус Араухо бил подложен на испитувања, но се' уште со точност не може да се утврди причината што ја предизвикала ваквата состојба.

Лекарите сметаат дека една од причините може да се бара во тоа што момчето тешко се движи, поради што многу малку се занимава со некакви физички активности.

– Забележав дека почнува да се дебелее уште кога имаше три месеци, уште тогаш тежеше 10 килограми – изјавила неговата мајка Арлин Соуза.

Специјалистите сметаат дека е многу важно што поскоро да почне да слабее зашто, во спротивно, ќе се наруши неговиот развој. Мајка му Арлин веќе се жали на големи болки во грбот предизвикани од тоа што го носи во раце малиот Матеус.

– Сакам нормално да оди, да трча, едноставно, да биде како сите други деца – изјавила Арлин.

 

виа. 

 

 

- Реклама -