На повеќе сајтови за мерење на перфомансите на смартфоните се појави нова мистериозна верзија на Galaxy S4 со што започнаа шпекулациите што навистина подготвува Samsung. Уредот кој се појави го носи серискиот број I9507.
Претходно Samsung ја најави новата верзија на Galaxy S4 која ќе работи на супер брзиот и моќен четири-јадрен процесор Qualcomm Snadragon 800 со брзина од 2.3 GHz, како и водоотпорниот Galaxy S4 Active и камера-смартфонот Galaxy S4 Zoom.
Бидејќи се исцрпени речиси сите можни подобрувања на хардверот и софтверот, најверојатно во прашање е верзија на Galaxy S4 која ќе работи на две SIM картички, освен ако Samsung има некој ас во ракавот кој го чува за наредниот период.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk