Кога полицијата пристигнала во обиениот дом на 19-годишниот дилер на дрога Морган Тап, на негов повик, единствено што тој пријавил за исчезнато бил неговиот сеф.
Само неколку часа подоцна, детективите го пронашле украдениот предмет и го повикале Морган да го подигне. Но, кога на барањето на полицијата да го отвори сефот безгрижниот Морган дал потврден одговор, следело изненадување. Во сефот имало стаклени тегли со вкупно четврт килограм марихуана, пластични ќесички за редистрибуција, кесичка со таблети и 930 долари.
Жртвата станала осомничен, откако Морган отворено признал дека парите се од продажба на дрога и дека бил приморан тоа да го прави за да преживее.