Розова лимонада, едно поинакво освежително искуство

Розовата лимонада е популарен пијалок во Америка, делумно заради необичниот но примамлив вкус, а делумно и заради неодоливата боја. Овој напиток ќе ве освежи вас и вашите пријатели, а притоа е доста едноставен и евтин за приготвување.

Потребни состојки:

4 лимони

Сок од брусница

Мраз

Вода

3 лажички шеќер

thumbnail

Подготовка:

1. Исцедете три лимони а еден исечете на ситни парчиња

2. Во бокал ставете го свежо исцедениот сок од лимон и додадете 3 лажици шеќер (можете и да го намалите или зголемите износот по желба)

3. Збогатете со една чаша сок од брусница

4. Додадете вода (во зависност од тоа колку вода ќе ставите ќе зависи и силниот вкус на лимонадата како и нејзината боја) и добро измешајте

5. Вметнете неколку парчиња мраз и сервирајте заедно со тенки кришки лимон. Послужете.

PinkLemon8

- Реклама -