Hyundai подготвува конкурент на BMW 3

Најголемиот корејски производител Hyundai подготвува нов компактен седан, со кој ќе му конкурира на BMW 3, тврди Automotive News.

Весникот цитира извор на компанијата, според кои возилото ќе се појави најдоцна за три години.

1

Идниот ривал на баварскиот адут засега носи тајна ознака RK. Тој е надграден на платформа со заден пренос и ќе се нуди со избор на два мотори. Едниот е четирицилиндерски 2,0 турбо мотор, а другиот исто бензински V6 со зафатнина од 3.3 литри. Првиот агрегат се вградува во моментов на моделот Genesis Coupe, а развива 274 КЅ и 373 Nm вртежен момент. Вториот е познат од седанот Grandeur, a располага со 293 KS и 345 Nm.

2

За изгледот на идниот модел ќе бидат употребени голем дел од дизајнерските решенија, испробани кај концептот HCD-14. Тој беше прикажан пред публика на салонот во Детроит во јануари оваа година. Моделот остава впечаток со вертикалната масивна маска на ладилникот, спуштената линија на покривот, врати кои се отвораат во различни насоки – backdoors и без средни столбови.

3 4

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -