Истражување: Објавувањето на премногу фотографии на Facebook е знак за проблеми

Сигурно имате барем еден пријатели на Facebook кој непрестанато постира нови фотографии на својот профил. Било тоа да е за да покаже каде бил или што точно прави во моментот или едноставно затоа што нема што да прави, па си го полни профилот со секакви фотографии.

Епа од денеска можете официјално да му кажете на својот пријатели дека има сериозен проблем. Според научници од неколку престижни универзитети, постирањето на премногу фотографии води со ментални проблеми.

Истражување на експертите од Универзитетот во Бирмингем, Западниот англиски универзитет и Универзитетот на Единбург покажува дека луѓето кои објавуваат премногу фотографии на социјалната мрежа “ризикуваат да им биде оштетен вистинскиот однос со луѓето”. Научниците дури ја истакнуваат склоноста кон постојаното објавување на фотографии како психолошки проблем.

Истражувањето им покажува уште неколку интересни работи. Според него качувањето на бројни фотографии, кои човекот сам ги фотографирал, покажува намалување на личен простор и склоност за намалување на интимноста.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -