El Mundo Deportivo пишува дека Барселона нема да понуди повеќе од 35 милиони евра за услугите на Давид Луиз, тоа значи дека бразилскиот интернационалец нема да го напушти Челзи ова лето.
Челзи и Жозе Мурињо ставија јасно дознаење дека Давид Луиз не е на продажба, тој е еден од клучните фудбалери во тимот за кој Сините и немаат соодветна замена.
Но и покрај тоа, Барселона се надеваше дека може да го ангажира користејќи ја желбата на фудбалерот да заигра за каталонскиот тим.
Весникот El Mundo Deportivo пишува дека Барселона нема да понуди повеќе од 35 милиони евра за Давид Луиз, а тоа е сума со која сигурно не би можеле да го купат фудбалерот.
На уште 18 дена до крајот на преодниот рок, по се изгледа дека Каталонците ќе се фокусираат на некоја од наредните цели.
Дефанзивецот на Ливерпул, Даниел Агер е еден од фудбалерите кои исто така високо котираат на листата со желби кај Барселона.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал