4 дневен фестивал на Upgrade! International network

paul_hertz_ignotus_the_mage_2.jpg Верижна Реакција е трета средба на Upgrade! International мрежата кој ќе се одржи во Скопје, Македонија од 11 до 14 септември, 2008 година. Овој настан, кој е резулатат на заедничкиот труд на членовите на Upgrade! International заедницата, се дисперзира низ целиот град и се оформува како културен фестивал на дигиталната уметност кој во својата содржина вклучува изложби, видео проекции, стриминг перформанси во живо како и програма од предавања и работилници кои истражуваат различни аспекти во полето на дигиталната уметност.



‘ВЕРИЖНА РЕАКЦИЈА’

Трета средба на Upgrade! International
11 – 14 септември 2008
Скопје, Македонија

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ГРУПНА ИЗЛОЖБА I ПРОГРАМА НА ВИДЕО
ПРОЕКЦИИ I ЈАВНИ ИНТЕРВЕНЦИИ I ПРЕДАВАЊА I РАБОТИЛНИЦИ I
Aудио/ визуелни ПЕРФОРМАНСИ ВО ЖИВО

paul-hertz_ignotus-the-mage.jpg

Верижна Реакција е трета средба на Upgrade! International мрежата кој ќе се одржи
во Скопје, Македонија од 11 до 14 септември, 2008 година. Овој настан, кој е
резулатат на заедничкиот труд на членовите на Upgrade! International заедницата, се
дисперзира низ целиот град и се оформува како културен фестивал на дигиталната
уметност кој во својата содржина вклучува изложби, видео проекции, стриминг
перформанси во живо како и програма од предавања и работилници кои
истражуваат различни аспекти во полето на дигиталната уметност.

Верижна Реакција обединува уметници, куратори и уметнички продуценти кои
доаѓаат од преку 20 градови од различни земји (Азија, Канада, Европа, САД, Јужна
Америка, Јужна Африка, Нов Зеланд). Уметничката програма ги прикажувa
моменталните тенденции во употребата на најновите хардверски и софтверски
достигнувања во уметнички контекст. Уметниците коишто се презентирани овде ја
претставуваат креативната сила на интернационалната сцена на нови медиуми.
Некои од делата веќе биле дел од други изложби и фестивали, но поголемиот дел од
нив се создадени ексклузивно за овој настан. Еден од доминантните принципи кои ја
карактеризираат оваа колекција на дела е замаглувањето на границите помеѓу
уметноста, културатата, технологијата и физичкото опкружување. Кога зборуваме за
замаглување, не зборуваме за исчезнување; зборуваме за осветлување и
дистрибуирање нови видови на практики. Зборуваме за повеќе форми на учество,
управување и деконструкција.

Верижна Реакција ги истражува прашањата на културниот раст и развој во регионот
на Западен Балкан како и во рамките на дигиталните мрежи. Изложувајќи дела и
презентации на над 50 интернационални уметници, организаторите очекуваат овој
настан да биде катализатор на дијалог, идни соработки и културно разбирање.

Инфо за настанот: www.line.org.mk

За дополнителни информации како и за фотографии со висока резолуција
контактирајте не на: line@line.org.mk

Повеќе за Upgrade! International
[http://www.theupgrade.net]

Upgrade! е интернационална мрежа во подем, составена од автономни членки
обединети од уметноста, технологијата и посветеноста на идејата за
премостување на културните поделби. Нејзината децентрализирана, не-
хиерархиска структура дава сигурност дека Upgrade! (i) дејствува според
локалните интереси и расположливи ресурси: и (ii) ја рефлектира
моменталната креативна активност остварена со употреба на најнови
технологии. Додека индивидуалните членки презентираат проекти од областа
на новите медиуми, се впуштаат во неформална критика, дијалог и
колаборација, Upgrade! International функционира како on-line, глобална
мрежа која одржува собири во различни градови со цел членките да се
запознаат, да ја претстават локалната уметност и да работат на агенда за
следната година.

ЗА ПРОДУЦЕНТИТЕ

Продуцент на настанот

Line Initiative and Movement/Upgrade!Skopje
[http://www.line.org.mk/]

Ко-продуценти

Public Art Lab/Upgrade!Berlin
[http://www.publicartlab.org]
NOMAD/Upgrade!Istanbu
l [http://www.nomad-tv.net/]
Inter Space/Upgrade!Sofia
[http://www.i-space.org/]
Upgrade!Belgrade
[http://www.upgrade.beocity.com/

- Реклама -