Samsung со 128 GB меморија во идните смартфони

Samsung е една од најиновативните компании која постојано ги руши границите на технолошките можности на своите уреди, а тоа најмногу се забележува кај смартфоните. По најавата за смартфон со 3 или 4 GB RAM, најавено е и дека идните смартфони на Samsung ќе имаат вградена меморија од неверојатни 128 GB.

Samsung VNAND Chip 128Gb

Оваа технологија на чипови се нарекува V-NAND а, Samsung посветува големи напори за нивно развивање и што е можна побрза реална примена во смартфоните за одржување на водечката позиција на пазарот.

Samsung-128GB-NAND-chip-1

Се очекува овој чип да биде употребен кај Samsung Galaxy S V планиран за наредната година, а исто така се остава простор меморијата да добие капацитет од огромни 1000 GB со надополнување преку мемориска картичка. Со ова се отвора простор за употреба на многу напредни технологии бидејќи самиот смартфон кој ќе собира многу податоци, како на пример снимање на видеа со 2К или 4K резолуција и уште многу други можности.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -