MV Agusta Rivale 800

Воздигнувањето на митскиот мото бренд, кој благодарение на семејството Кастиљоне овие неколку години го достигнува својот зенит, продолжува и понатаму. Официјално најубавиот двотркалец на минатогодишната EICMA, кој го напаѓа релативно новиот градски супермото сегмент, доби и конкурентско име.

313_MV-Agusta-Rivale-800-470-1

MV Agusta Rivale 800 е полниот назив на новата креација, која без здив ја остави сета мото јавност уште на официјалната презентација. Со промоцијата на овој модел MV го зголеми трицилиндричното семејство и во супермото сегментот, па така сега покрај градскиот шармер Brutale и свежата спортска легенда F3, гамата е дополнета и со Rivale. Иако околу вкусовите не се полемизира, сепак мислам дека ниту еден достоен почитувач на убавите работи не може да остане рамнодушен на заводливите линии на Rivale.

363_MV-Agusta-Rivale-800-470-4

Нигкогаш не сум го криел мојот рамнодушен став околу дизајнот на супермото примероците од било која марка, но новиот Rivale едноставно ме натера да го променам мојот начин на размислување. Визуелното задоволство доаѓа до израз буквално гледано од сите перспективи, почнувајќи од предниот минималистички калник, преку светлото и малата супермото маска, која зад себе го скрива дигиталниот дисплеј, на што се надоврзува скулптурираниот резервоар и минималните странични оплати, кои ја задскриваат цевната trellis рамка.

506_MV-Agusta-Rivale-800-470-2

А задниот рекурс отвора сосема ново поглавје во мото дизајнот, пред се со високо подигнатото долго седло под кое отсуствува класичната поставеност на светлосната група, која Италијаните овојпат ја интегрираа во страничните оплати (под влијание на Diavel?), додека позиционирањето на трепкачите е “спуштено” на задниот калник, кој е воедно и држач за регистарската табличка. Ах, за малку ќе ги заборавев и штитиниците за раце, по теркот на Hypermotard-от на Ducati, кои го интегрираат дневното светло, трепкачите и ретровизорите. Трицилиндричното потекло дополнително го потенцираат трите странични издувни цевки, кои се одлика на брендот.

802_MV-Agusta-Rivale-800-470-3

Од технички аспект, Rivale е докажан следбеник на трицилиндричната серија на MV, кој со својот повозрасен брат Brutale 800, го дели срцето и скелетот. Агрегатот е директно преземен, се разбира со некои дополнителни електронски доработки како би се вклопил во супермото филозофијата, а истоветните 125 коњски сили даваат одлични перформанси, дополнително се контролирани од MVICS (Motor & Vehicle Integrated Control System) системот со три нивоа на работа и, се разбира персонизираниот режим по желба на корисникот.

202_MV-Agusta-Rivale-800-470-11 370_MV-Agusta-Rivale-800-470-8

Основата, односно добро познатата цевна trellis рамка, со дополнителни алуминиумски оплати заради додатна торзиска цврстина е истотака делумно преземена од Brutale, а за потребите на супермото филозофијата се вградени предна Marzocchi вилушка со продолжен од, и задно осцилирачко рамо со еден крак и целосно прилагодив Sachs амортизер. Очекувано, сопирачкиот систем доаѓа од Brembo, со два диска од 320 mm со четириклипни радијални клешти, и заден диск од 220 mm со двоклипна клешта. Уште поинтересен е фактот што сета ова технолошка и дизајнерска убавина Италијаните успеале да ја спакуваат во минималните 175 kg, кои гарантираат многу забава при возењето.

570_MV-Agusta-Rivale-800-470-9 642_MV-Agusta-Rivale-800-470-5 667_MV-Agusta-Rivale-800-470-6

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -