Во светот на таблетите неколку години iPad на Apple важеше за суверен владетел во оваа категорија на мобилни уреди, но работите се менуваат и на сцена стапуваат таблетите со Android направени од Samsung, Lenovo, Asus, Acer и останатите.
Вториот квартал од 2013-та година е првиот негативен период за Apple во последните неколку години бидејќи iPad не се продава според очекувањата и има огромен пад. Тоа доведе до раст на Android таблетите кои сега имаат вкупно учество од 62.6%, а Apple само 32.5%.
Од производителите на таблети со Android очекувано води Samsung со учество од 18 %, зад него е Asus со 4.3%, додека пак највисок годишен раст има Lenovo со неверојатни 314%.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk