Агуеро се понудил да купи 5 играчи за Индепендиенте, но бил игнориран

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кун Агуеро му понудил помош на својот поранешен клуб Индепендиенте но не добил никаков одговор.

Таткото на напаѓачот открива дека репрезентативецот на ’Гаучосите’ бил спремен да купи пет играчи и да ја плаќа нивната плата.

Тие стапиле во контакт со помошник тренерот на Индепендиенте, Карлос Скео, побарале да биде направена листа со желби но никогаш не добиле одговор.

Леонел Агуеро за медиумите од Аргентина рече: „Серхио се понуди да купи 5 играчи и да ја плаќа нивната плата. Побаравме од Карлос Скео да направи листа”.

„Но никој не ни се јави, ниту Скео, ниту тренерот Мигел, ниту пак лидерите на клубот”.

„Тие го игнорираа Кун”.

Прочитајте и:  Клубовите од Премиер лигата со тежок удар по Манчестер сити

Кун Агуеро потекнува од младинската школа на Индепендиенте, и дебитираше во првиот тим на 15 години.

Тој замина од Аргентина во 2006 и се пресели во Атлетико Мадрид во трансфер вреден околу 20 милиони евра.

Минатата сезона беше најлошата во историјата на Индепендиенте, клубот од Естадио Либертадорес де Америка испадна во втората лига за прв пат од своето 108 годишно постоење.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -