Како да направите вкусен домашен сладолед со јагоди?
Производи:
1кг јагоди
1 лимон
3 лажици шеќер
1 чаша шеќер во прав
250 г. павлака
Начин на приготвување:
Имијете ги јагодите, исчистите ги од рачките и изматете ги, така што ќе добиете сок од јагоди.
Потоа на добиениот сок, додадете сок од лимон и шеќер.
Павлаката и шеќерот во прав изматете ги со миксер и се помешајте ги со сокот.
Добиената смеса ставете ја во фрижидер да се замрзне.
За време на замрзнување, промешувајте го сладоледот 2-3 пати.
Наздравје!