Паровите се расправаат најмалку четири пати неделно, но во повеќето случаи причината за конфликтот е домашната работа или телевизиските програми, покажува најново истражување.
Дури нешта кои изгледаат прилично неважни, можат да предизвикаат бура од емоции кај една двојка. Токму поради тоа во последно време се забележува експанзија во побарувачката на машини за миење садови, со што се намалуваат конфликтите меѓу партнерите кој да измие чиниите.
Друг голем проблем се големите телефонски сметки или опсесијата на мажите да ги поседуваат сите најнови технологии.
Жените, пак, инсистираат на своето време пред телевизорот, кое секогаш се поклопува со натпреварот на саканиот фудбалски тим на партнерот.
Излегувањето до доцна со пријателите без предупредување исто така е способно да го изнервира човекот со кого што живеете.
Недостатокот на помош во домашните обврски е честа причина за остри зборови од страна на понежниот пол, покажува уште истражувањето.