Во вчерашното издание од The Times of India се наоѓало апаратче, поставено во средината од преклопените весници, платено од Фолксваген, на кое била снимена аудио реклама што започнувала со бескрајно повторување штом весникот ќе се отворел.

Како извор на енергија ова апаратче ја користело фотодиодата што претвора светлина во електрична струја. Единствен начин да се исклучи било затворањето на весникот (или отстранување на апаратчето). На весникот сигурно добро му дошле парите од оваа реклама, во време кога речиси сите печатени медиуми се соочуваат со огромни финансиски проблеми. А и публиката добро реагирала на рекламата (некои луѓе од Индија на Twitter објавија дека продажбата се зголемила, само заради љубопитноста што ја поттикнала оваа реклама).
{youtube}lOw-SWlL2ZE{/youtube}