Најновата информација која доаѓа од Amazon е дека компанијата развива смартфон кој ќе има 3D екран.
Овој смартфон ќе биде произведен од Foxconn во Кина, а се очекува да биде објавен во третиот квартал од 2013 година. Сепак, овој модерен уред на Amazon се шпекулира веќе некое време, особено дека компанијата веќе го произведува телефонот со 3D дисплеј. Она што е ‘познато’ е дека смартфонот ќе има екран во дијагонала од 4.7 инчи, а за другите технички спецификации се уште нема информации. Познатиот американски весник Wall Street Journal тврди дека Amazon всушност развива два смартфона, и еден од нив ќе има 3D дисплеј.
Според луѓето кои се запознаени со плановите на компанијата, корисниците при работа со овој телефон нема да биде потребно да носат некои посебни наочари. Смартфонот со 3D ќе користи ретина технологија за следење која ќе ги направи објектите на екранот како да лебдат како холограм или ‘да се појаваат во три-димензионални димензии од сите агли.’ Исто така, корисниците наводно ќе можат да се движат низ содржината преку технологијата за следење со очите. Според Journal, целта на Amazon е да ги претстави овие два телефони во блиска иднина, но овој план може и да не успее поради финансиското работење или други проблеми на компанијата.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk