Кога се во прашање малите простори, жителите на Лондон навистина знаат да изненадат со иновативни идеи кои на малкумина би им паднале на памет.
Во британската метропола цените за кирија се далеку повисоки и од Њујорк, што значи дека Лондончани мора да се „туткаат“ во нешто што им се чини посоодветно и поевтино.
Архитектката Лаура Кларк отишла чекор понапред и успеала да создаде прекрасен дом во нешто што порано било јавен тоалет. И требале 6 години да ги убеди локалните власти да и дозволат да го купи тоалетот и да го претвори во куќа.
Дури и кога ги собрала сите дозволи за преуредување на просторот, пријателите почнале да се сомневаат во исправноста на нејзината одлука, така што поголемиот дел од работата морала да го заврши сама. Но, упорноста се исплатела. Погледнете