Митовите и мистериите го прават животинскиот свет фасцинантен, но дури и чудните суштества треба да бидат разберени. Во следнава сторија ги прикажуваме последните истражувања, вообичаените недоразбирања и неверојатните адаптации на животинското царство.
Митовите и мистериите го прават животинскиот свет фасцинантен, но дури и чудните суштества треба да бидат разберени. Во следнава сторија ги прикажуваме последните истражувања, вообичаените недоразбирања и неверојатните адаптации на животинското царство.
6. Крокодилите голтаат камења
Стомакот на крокодилот е карпесто место. Неговиот дигестивен систем се соочува со желки, риби, птици, жирафи, бафала, лавови па дури и други крокодили(кога ја брани територијата). Но, покрај овие животни, во стомакот на еден крокодил можат да се најдат и камења. Овие рептили голтаат големи камења кои остануваат трајно во нивните стомаци. Се сугерира дека тие служат како товар при нуркањето.
5. Млекото на китовите не е со 3,2% масленост
Одгледувањето на младенче е голема одговорност за китовите, кое од утробата излегува по 10-12 месеци и изнесува околу третина од должината на мајката. По раѓањето тоа се храни со млеко од мајката кое има речиси 50% масленост, односно 10 пати повеќе од човечкото млеко. Ова им овозможува на младите да пораснат и до 100 кг на ден.
4. Птиците користат знаменитости за навигација
Можете ли да замислите патување без да ги видите сите знаменитости на еден град? Птиците можат да летаат илјадници километри, секогаш наоѓајќи ја вистинската дестинација. Многу од нив имаат „вградени“ феромагнети кои ги детектираат магнетните полиња на Земјата, што им овозможува да се ориентираат. Најновите студии покажуваат дека тие користат и познати објекти на земјата за да го најдат патот дома.
3. За дабарите, зимските денови се подолги
Дабарите во зима живеат од акумулираната храна и наталожените масти на нивните воочливи опашки. Тие ја чуваат целата енергија и остануваат во темните дувла од кал и гранки. Бидејќи немаат осет кога сонцето изгрева и заоѓа, незнаат кога би требало да започне и заврши нивниот циклус на спиење. Биолошкото чувство за време на дабарот се менува и тој развива ритам за 29-часовен ден.
2. Братството на малите пилиња
Погрешно е да се мисли дека еволуцијата создава себични животни кои се грижат само за својот опстанок. Алтруизмот се јавува дури и кај животните, кои се грижат за опстанокот на генетски најблиските до нив. При хранењето, малите птици испуштаат звуци до своите најблиски братчиња дека храната е во близина, со тоа давајќи им поголеми шанси за преживување.
1. Папагалите не зборуваат напразно
Зборувањето на папагалите често се смета како обично гракање од пердувест рекордер на звуци. Меѓутоа истражувањата покажуваат дека папагалите прикажуваат и нешто повеќе од обична мимикрија. Нашите пернати пријателчиња можат да решат одредени лингвистички задачи, на ниво на 4-6 годишно дете. Папагалите воочуваат концепти како „исто“ и „различно“, „мало“ и „големо“ и броење. Шемите преку кои папагалот комуницира, наскоро ќе бидат развиени за вештачко изговарање кај роботите.