10 одлични реклами на згради

Повеќе...Сите обожуваме да гледаме добри реклами, па еве неколку такви – и тоа на згради. Ем ја разубавуваат зграда, ем се одлични и паметно поставени.

Сите обожуваме да гледаме добри реклами, па еве неколку такви – и тоа на згради. Ем ја разубавуваат зграда, ем се одлични и паметно поставени.

Млеко
a96929_milk
Компанијата Anando Milk од Индија сакајќи да ја зголеми потрошувачката на млеко помеѓу децата, ја ангажираше McCann Erikson агенцијата – и така излезе оваа одлична реклама. Поставена е на една од зградите на Мумбаи и покажува дете доволно силно (од млекото) за да помести дел од зградата.

Бодибилдинг
a96929_gym
Реклама за Powerhouse Gym – поставена на градилиште, давајќи чуство на интеракција со секојдневните елементи.

Осигурување
a96929_auto
Вистинска кола која виси на работ од катна гаража. Рекламата е на Allstate авто осигурување, а поставена е на Marina Towers, позната знаменитост во Чикаго.

Вентилатор
a96929_fan
Haitong зградата, знаменитост во Шангај, има уникатен искривен врв, па оваа реклама беше поставена на зградата покрај неа. Ова е идеја на Firstell Communications агенцијата и дава илузија за многу моќен вентилатор од компанијата Midea electric.

Измиј ме
a96929_WashMe
„Измиј ме“ вели оваа паметна реклама за Alco средставата за чистење, креирана од Alma агенцијата во Чиле.

Nike
a96929_nike
Рекламата “Run Through The Wall/Трчај низ зидови” на Nike опфаќа две згради: првата има рушевина во неа со форма на човек во трчање, додека пак втората го прикажува човекот со логото на Nike.

ЛЕГО

a96929_lego
Фасцинатна реклама за ЛЕГО, направена од Ogilvy & Mather агенцијата во Сантијаго, Чиле.

Цврста коса
a96929_pantene
Да се демонстрира „многу силната коса“ на Pantene, три огромни прамени беа поставени два дена во Торонто, додека планинари се качуваа по „опавчињата“

Axe
a96929_axe
Женската зграда на студентите беше искористена за оваа реклама – календар на Axe. Целта беше на календарот да се појавата секојдневни девојки во секојдневни ситуации.

Vodafone
a96929_voda
Поставена во дворот на Heathrow аеродромот во Лондон, оваа реклама на Vodafone порачува: “Make the most of now”.

- Реклама -