Билбордите се одличен начин за рекламирање за некој производ. Тие го привлекуваат вниманието на широката маса благодарение на нивната големина и поставеност.
Покрај овие предности, ако истите се направени на луд и интелигентен начин, како некои од примерите во оваа статија, тие сигурно ќе го добијат саканиот резултат.
Смешните билборди и реклами можеби изгледаат лесно за разработка, но во реалноста тоа е прилично тежок процес и бара многу подготовки и колективно нафрлање на идеи и реализација.