Прва видео реклама во печатен медиум! (видео)

Реклама Во печатената верзија на магазинот Entertainment Weekly се појавија првите видео реклами. Меѓу пионерите во оваа област се најдоа реклама за Пепси и неколку трејлери за новите сезони од сериите што одат на телевизијата CBS. Овој неочекуван преод го покренува прашањето – каде е границата на маркетингот?


Во печатената верзија на магазинот Entertainment Weekly се појавија првите видео реклами. Меѓу пионерите во оваа област се најдоа реклама за Пепси и неколку трејлери за новите сезони од сериите што одат на телевизијата CBS. Овој неочекуван преод го покренува прашањето – каде е границата на маркетингот?

РекламиНа средината од магазинот вметнати се 2 картонски страници. На горниот дел од десната страна има мал LCD монитор на кој, кога ќе се отвори, вртат наизменично рекламата за Пепси и трејлерите за новите сезони од сериите што одат на американската телевизија CBS: „Два и пол мажи“, „Теоријата на големиот бенг“, „Како ја запознав мајка ви“ итн.

Заедно со дисплејот, кој е со големина на просечен дисплеј од мобилен телефон, доаѓаат и звучници, за конзументот да може да ги чуе рекламите. Идејата е да се постигне потполна интеракција.

Технологијата која се користи е онаа што музичките честитки ги користат со децении, но, унапредена до степен на научна фантастика – со таа забелешка што откако ќе биде отворена страницата, потребни се приближно 2 секунди за видеото да се наполни и да започне – што во светот на рекламирањето може да изгледа како вечност!

Она што е најинтересно е што за вметнување на овие 2 специјални страници, магазинот плаќа 20 долари! Ова ве тера да се запрашате колку ли само чинат рекламите кои се емитуваат таму?

{youtube}fgJ6DA50thw{/youtube}

- Реклама -