Ледено студен пијалок за само миг

Кога ви е потребен пијалок за да се освежите, топлата вода може да делува одвратно. Постои лесен и едноставен трик што ќе го разлади вашиот омилен пијалок за многу кратко време.Наполнете пластично шише со вода, околу една четвртина од волуменот, така што кога шишето е во хоризонтална положба, водата да достигнува до самиот почеток на отворот на шишето. Ставете го шишето во замрзнувач и продолжете со денот. Кога водата ќе замрзне, ќе создаде леден блок на едната половина на шишето, без да го блокира отворот.

ladno1

Кога жедта ќе нападне, извадете го шишето од ладилникот, наполнете го со вашиот омилен пијалок и ќе добиете инстант, ледено-студено освежување.

ladno2

- Реклама -