Доколку некогаш ја посетите Јужна Африка, немојте да се чудите зошто никогаш не гледате бандери, а вашиот телефон секаде има одлична мрежа. Едноставно, доколку погледнете подобро, ќе забележите дека тие се насекаде околу вас, но во малку поинакво руво. Имено, тамошните власти повеќето вакви кули ги камуфлирале во дрвја чиј природен изглед е запрепастувачки. Фотографот Дилан Марш ни прикажува серија фотографии со ваквите изуми, наречена „Invasive Species“.