Група улични артисти познати под името „Swoon“ ги здружија силите и започнаа вистинска водена авантура. Тие изградија креативни сплавови кои потсетуваат на пиратски бродови со кои тргнаа на летно крстарење низ светот. Нивната цел е да поминат незаборавни мигови и да запознаат што е можно повеќе луѓе по пат. Досега, тие поминаа низ Мисисипи, Минесота и Сент Луис, а во план им се уште многу дестинации.
Тед Сел, фотограф и дел од екипажот, е задолжен за документирање на авантурите со кои тие секојдневно се соочуваат. Погледнете дел од нив.