Не се сите Стрелци мрзливи во креветот, ниту пак сите Скорпии се претвораат во Хулк кога ќе падне ноќта, но кога станува збор за сексуалните моќи, овие неколку зодијачки знаци со сигурност би се издвоиле.
Скорпија
Богови на сексот! Доколку некогаш сте биле во врска со Скорпија, тогаш знаете дека тие имаат неодолива моќ на привлечност. Дури и оние помалку убави Скорпии имаат изразена аура и моќ на манипулација која ја користат за да ги натераат другите да прават така како што тие сакаат. Доколку ве замислат како потенцијален партнер, сигурно ќе ве освојат. И додека да го сфатите нивниот план, веќе ќе бидете заљубени.
Лав
Немојте да им кажете на Лавовите дека се на второ место, бидејќи ќе им ја повредите суетата. Родените во овој знак се вистински „трендсетери“ кои ги знаат сите „кул“ места во градот. Доколку сакате добро да си поминете, секогаш за друштво одберете го Лавот и нема да се покаете. Ќе ве соборат од нозе работите на кои е подготвен да ги направи за вас и ќе ве купи за цел живот. На многумина токму ова внимание им е доволно да се заљубат.
Рак
Нивното тајно оружје не е ниту изгледот ниту насмевката, туку хуморот. Исто така се мошне емотивни и никогаш нема да заборават кога е вашата годишнина, роденден или некој друг важен празник. Маана им е променливото расположние поради кое понекогаш имате чувство дека ќе завршите во лудница. Но, ако можете да го поднесете ова, тогаш ќе имате загарантиран пријател кој секогаш ќе ве изнеандува со неговите готвечки способности. Обожаваат сексуални игри и фантазии и не се срамат да бидат и малку „погруби“ доколку тоа ви се допаѓа.