Бројот на луѓето на планетата е сè поголем и поголем. Потребите на луѓето се исто така сè поголеми, а ресурсите на вода, храна и гориво се сè помали. Од овие причини човештвото е во потрага по нови ресурси: енергија од Сонце, од ветер, од алги…
Едно истражување кое неодамна било завршено вели дека е откриен ензим во коренот на сојата, кој би можел да биде клучен за развој на технологија за производство на автомобили, кои ќе се движат на воздух. Azotobacter vinelandii е бактерија која се наоѓа во ензимот vanadium nitrogenase, ензим кој произведува амонијак од азотен моноксид, а може исто така, велат истражувачите од тимот, да го претвори јагленородниот моноксид во индустриски биопроизвод – пропан, гас кој гори со син пламен. Инаку и досега земјоделците ја ценеа сојата заради нејзината нутритивна вредност, но и заради фактот што ги содржи овие бактерии бидејќи тие преку ензимите бескорисниот азот го претвораат во амонијак, како и во други хемиски соединенија кои го поттикнуваат растењето на други земјоделски култури.
Знаејќи го сето ова, научникот Маркус Риб од Универзитетот во Калифонија во соработка со колегите го изолирал ензимот. Потоа ги отстранил азотот и кислородот од ензимот, а просторот го пополнил со јагленороден моноксид. Без кислород и азот, ензимот започнал да го претвора јагленородниот моноксид во мали синџири на јагленород, кои се состоеле од два или три атома, а како што е познато троен синџир на јагленород е всушност гасот пропан кој се користи за готвење во кујната, за греење и друго, попопуларен и попознат како плин.
Научниците истакнуваат дека истражувањето сè уште е во почетна фаза, но дека тоа може да доведе до нови начини на создавање на еколошки прифатливо гориво.
Новата функција на ензимот vanadium nitrogenase е значајно откритие кое во иднина ќе овозможи производство на автомобили чии мотори ќе користат “воздушно-бактериски” погон, тврдат научниците. Оваа вест е објавена неодамна на ABC News, како и во списанието Discovery.
Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР