Стар автомобил, купен за 60 британски фунти од ентузијаст кој го претворил во еден од „најубавите тркачки автомобили на сите времиња“ бил продаден за 430.000 фунти. Бугатито од 1925 година било откриено од Џек Перкинс во лоша состојба на аеродром во 1950 година.
Од синиот двосед бил отстранета оригиналната школка и менувачот а моторот бил заменет со мотор од Воксол. Кога Џек го открил возилото, вработените на аеродромот го возеле наоколу за забава. Џек се заколнал дека не само што ќе го врати на својата мината слава туку и дека ќе го претвори во најбрзото Бугати од тој тип. Тој нашол оригинален 2,3 литарски мотор од Тип 35 и ги купил останатите делови кои недостигале директно од Бугати.
Магазинот Autocar го нарекло овој автомобил „најубавиот тркачки автомобил од дваесетите, ако не и на сите времиња“. По смртта на Џек во 1992 година на 82 годишна возраст, Бугатито било наследено од неговата вдовица Џин која го поставила во Haynes Motor Museum во Сомерсет каде што се наоѓа до денес. Фамилијата го продала автомобилот на аукција овој викенд за време на Goodwood Festival of Speed во Западен Сасекс. По наддавањето автомобилот бил продаден на купувач од Британија за 430.500 фунти.
Претставник на аукциската куќа изјавил: „Задоволни сме со крајната цена и среќни сме што автомобилот ќе остане во Обединетото Кралство.“ Механичката состојба на автомобилот не е позната, и може да биде потребен ремонт. Но со малку среќа новиот сопственик ќе го врати во живот и ќе му овозможи повторно да ја доживее својата слава. „Историски важни Бугати автомобили ретко се појавуваат на отворен пазар, овој пример претставува возбудлива шанса за купување на Тип 35 во врвната конфигурација на моделот.“
Џек бил механички инженер и главен менаџер во компанијата John Perkins & Smith Ltd од Рагби, Ворвикшајр. Тој платил 60 фунти – или денес околу 1300 фунти – за Бугатито откако го нашол на ародромот во Нотингем. Поправањето на возилото му станало омилено хоби и тој редовно се тркал со него до 1988 година на 78 годишна возраст. Меѓу модификациите кои тој ги направил е подобрување на аеродинамиката и менување на горивото од бензин во метанол за да добие повеќе сила.
Тој редовно учествувал во ридски трки организирани од Bugatti Owners’ Club на Прескот Хил, Готерингтон, Глоучестершајр, помеѓу педесетите и 1988 година. Во 1981 година тој ја завршил патеката со време од 46,21 секунди – најбрзо време за Бутати Тип 35B. [Making a quick buck: Bugatti bought by canny car fan for £60 in 1950 sells for £430,000]