Справете се со морската болест

Иако не се работи за вистинска болест од која нема никакви трајни последици, симптомите на оваа состојба се доволни да ви го загорчат животот додека сте на пловниот објект, без разлика дали сте на траект, на тура околу грчките острови или пак на крстарење. Прочитајте што можете да направите за да си помогнете…

Некои луѓе страдаат од морска болест, други пак не, а сето тоа зависи од развиеноста на центарот за рамнотежа во средното уво. Кога сме на пловен објект во движење, телото се обидува да воспостави рамнотежа, но кај дел од нас, тоа е отежнато од нишањето на бродот или од немирното море, при што доаѓа до мачнина, вртоглавица, грчеви во стомакот, повраќање итн.

RHAP_BOAT_DECK

Новите истражувања потврдуваат дека кај добар дел од луѓето морската болест настанува и поради автосугестија, т.е. тие очекуваат да им биде лошо затоа што се качуваат на брод. За да ги избегнете непријатностите, следете ги овие едноставни чекори:

1. Фармацевтското решение за морската болест се: лепенките против морска болест (кои се нанесуваат зад увото, најмалку 8 часа пред пловидбата, а чие дејство трае и до три дена; со можни нус-појави: сушење на устата и вртоглавица), лекарства како Драмамин (кои делуваат како благ седатив и не се препорачуваат доколку планирате да конзумирате алкохол) или пак посилни лекарства кои спречуваат гадење, но за нив е потребно да добиете рецепт од вашиот матичен лекар.

Our_boat_for_the_Red_Sea_trip,_the_Blue_Melody_from_BlueOTwo_(6165938771)

2. Доколку не сакате да земате лекарства, секогаш постојат алтернативи. Размислете за купување на алка против морска болест. Таа функционира на принцип на акупресура, притискајќи ја меката точка долната страна од зглобот на раката, со што спречува мачнина и вртоглавици, а нема забележани нус-појави.

3. Кога станува збор за храна, ѓумбирот е ефективен во спречување на симптомите на морска болест. Тој може да се земе во најразлични форми: како корен, во прав, како чај, во таблета, дури и во слатки.

ginger isolated on white backgrou

4. Некои луѓе тврдат дека зелените јаболка се вистинскиот лек за оваа состојба. Ако страдате од морска болест, понесете си едно зелено јаболко и пробајте.

5. Кога се качувате на брод, поминете колку што можете повеќе време на палубата, за да се аклиматизирате. Користете го хоризонтот како референцијална точка за одржување на рамнотежата.

b55500566fba1a73f352c28f83d3bb9d_large

6. Ако знаете дека страдате од морска болест, не заминувајте на крстарење… барем не веднаш. Започнете со пократки тури, во помали бротчиња, додека да се навикнете на пловидбата. А дури и тогаш, избегнувајте крстарења кои поминуваат подолго време на отворено море или низ океаните, бидејќи на тој начин ви се зголемуваат шансите да наидете на немирни води или бури и да си го отежните животот.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -