Како што Apple се подготвува да го освежи својот предводник iPhone со Retina дисплеј, кој ќе има иста пиксел густина како панелот што ја започна војната на резолуција во 2010 година, конкурентните производители на смартфони се подготвуваат да лансираат телефони со подобра резолуција од 1080p.
Аналитичарот од DisplaySearch, Shawn Lee, во еден неодамнешен блог пост потврди дека креаторите веќе развиваат процесори кои ќе поддржуваат WQXGA резолуција во претстојните смартфони.
Овие процесори би требало да почнат да се произведуваат во 2014 година и Lee вели дека во блиска иднина можеме да видиме смартфонот со дисплеј од 5.5 инчи, 6 инчи, и 6.5 инчи со резолуција од 2,560 x 1,440 пиксели. На тие големини, густината на пиксели на овие нови дисплеи ќе бидат од 452 ppi до 534 ppi.
Само за информација, Retina дисплеите на Apple iPhone 5 и iPhone 4 се карактеризираат со густина на пиксел од 326 ppi. Lee смета дека првата група на WQXGA смартфони ќе бидат откриени на Mobile World Congress во февруари 2014 година, но сепак тој потенцира дека може да има проблеми со производствениот капацитет во почетните денови.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk