Кондомот да пукне или да се скине, не е толку ретко како што истакнуваат компаниите кои ги произведуваат. Затоа не е на одмет да знаете, што треба да направите откако ќе ви се случи тоа.
Внимателно исчистете ги гениталиите
Доколку дојде до пукање или вадење на кондомот, се препорачува внимателно да ја измиете вашата генитална зона. Миењето на оваа зона со сапун, може да помогне во остранувањето на спермата или непосакувани бактерии, но доколку не внимавате со сапунот и претерате во миењето, може и да ги остраните и добрите бактерии од вашата кожа, па да бидете повеќе подложни на различни вируси и бактерии.
Апчето “ден потоа”
Доколку се плашите од несакана бременост, одете кај вашиот гинеколог и замолете го да ви препише апче “ден потоа”. Доколку се земе во рок од 72 часа од ризичниот секс, шансите да се спречи бременоста е 90%. Не ја одложувајте посетата на гинеколог, зошто пилулата треба да биде препишана и испиена на време.
Тестирајте се за полови преносливи заболувања
Со ова нема шала. Доколку сте биле доволно зрели да имате сексуални односи, тогаш и за ова ќе бидете спремни. Тестовите кај нас се прилично евтини, па завршете ја работата како што треба. Проверете се, од хламидија до херпеси и ХПВ.