Брза диета со лубеница

Лубениците се одлични за слабеење затоа што содржат 90% вода. Освен што ќе внесете доволно течности во организмот, лубениците се богати со витамини и минерали.

mcx-watermelon-eating-0710-mdnЛубеницата не содржи холестерол и речиси да нема маснотии. Содржи многу калиум и витамини А, C и B6, а со оглед на тоа што содржи преку 90% вода, ќе ја задоволи вашата дневна потреба за течности.

Лубеницата содржи ликопен, за кој истражувањата потврдија дека е најсилен антиоксиданс. Лубениците се природен диуретик кој помага во исфрлањето на вишокот на вода од организмот и поради тоа многумина ја користат како помош при слабеењето. Слаткиот вкус, а малкуте калории се добра алтернатива за висококалоричните десерти. Може да ја комбинирате и со друго овошје за да направите вкусни салати.

Диетата со лубеница се држи пет дена, а појадокот е ист секое утро: една кришка лубеница, 50 грама тост леб, 1 шолја чај

Секој ден пијте по 12 чаши вода, чај или свежо цеден сок од овошје

1 ден:

Ручек: 100гр варено говедско месо, 100гр варен ориз со доматен сос, 1 кришка лубеница

Вечера: 50гр сирење, 1 парче тост леб, лубеница по желба

2 ден:

Ручек: 1 парче тост леб, 50гр варени пилешки или мисиркини гради, 1 кришка лубеница

Вечера: 100гр варена или печена риба, 1 кришка тост леб, 1 кришка лубеница

3 ден:

Ручек: 30гр морков со сирење и домат, лубеница по желба

Вечера: мешана салата од домат, краставица, пиперка, кромид и зелена салата, 1 кришка лубеница

watermelon slices and knife

4 ден:

Ручек: 1 чинија супа од зеленчук, 1 кришка тост леб, 50гр варено пилешко месо, 1 кришка лубеница

Вечера: 2 варени компири со пармезан, лубеница по желба

5 ден:

Ручек: 50гр варено говедско со шампињони, лубеница по желба

Вечера: 50гр свежо сирење, 2 кришки тост леб, лубеница по желба

- Реклама -